Во селото има толку многу вода што на момент ќе ве натера да помислите дека сте се нашле во некоја рурална Венеција. Вевчани се споменува како селска населба уште од крајот на 9 век, кога било развиена и економски силна. Се наоѓа во подножјето на Јабланица, на оддалеченост од 14 километри од Струга. Овој терен е поделен на Горно и Долно маало, со надморска височина што се движи од 830 до 960 м.н.в, со атар што зафаќа површина од околу 35 km2. Вевчани изобилува со градски шмек и шарм. Денес претставува симбол на независност и протест за одлуките што не соодветстуваат со локалниот интерес на сите здружени сожители. И до ден-денес се прогласуваат себеси за држава во држава. Во Вевчани се наоѓа и спомен – куќата на физичарот Михаило Пупин, кој едно време живеел тука.
Вевчански извори
Вевчанскте извори се наоѓаат на 900 м.н.в. Во 1997 год. се прогласени за Споменик на природата. Од центарот на Вевчани до самиот локалитет, патот е асфалтиран и има околу 550 метри, а се стигнува со пешачење. Вевчанските извори се одликуваат со доста богата биолошка разновидност и се едни од најпосетените места во Македонија од домашни и од странски туристи.
За време на вечерните и ноќните часови, изворите можат да се посетат бидејќи се насекаде осветлени, поставени се и подводни рефлектори со што водата добива посебна убавина. Изобилството на вода, и пештерата од која таа извира е посебна атракција за привлекување на домашни и странски туристи, на самото место има маси со клупи за одмарање, изграден е видиковец, а се наоѓаат и три помали цркви кои секогаш се отворени за посета.
Вевчански карневал
Вевчани вистински ќе го доживеете кога ќе одлучите да станете дел од традиционалниот пагански карневал, кој се смета дека опстојува веќе 1400 години – Вевчанскиот карневал. Тој започнува на 13 јануари. Тогаш маските се поделени на горно маало и долно маало. Кога ќе се соберат сите маскирани со тапани и зурли тргнуваат накај средселото да ги претставуваат своите маски, каде што има многу луѓе кои со нетрпение ги очекуваат маските. Кога маските ќе се претстават тие одат така маскирани на визита кај оној што се вика Васил, Васко и сл. Вечерта кај игралиштето има музика и сите се собираат таму. Наредниот ден сите маски се собираат на средселото и ги палат маските, тоа го означува бркањето на злото од поминатата година, бидејќи познато е дека вевчанскиот карневал – Василица е уште нарачен и Стара нова година. На овој карневал доаѓаат преку 500.000 луѓе меѓу кои се и странците кои доаѓаат специјално за овој ден.