Цена: 3050 денари наем на цел објект
3600 денари со вклучено користење сауна + шише вино
Контакт за резервација: 072 267 482 – Далибор
Вилата е опколена со борова, букова и дабова шума. Во околината има патеки за пешачење и велосипедизам. Објектот е изграден од природни материјали како дрво и камен, а во склоп на викендицата има природно езерце.
Вилата има 2 спални соби, една со брачен кревет, а другата со два единечни кревети, но постои можност и за спиење во дневниот престој на петтоседот кој е на развлекување. Исто така има голем дневен престој со прекрасен поглед, целосно опремена кујна, купатило и сауна за гостите.
Затоплувањето е со грејни тела и камин на дрва.
Има телевизор, WiFi, паркинг простор, а исто така е pet friendly.
Максималниот капацитет на вилата е за 6 возрасни + 4 деца.
Вилата нуди комфор и е идеална за луѓе кои сакаат да се одморат, луѓе кои работат од дома и сакаат да ја заменат канцеларијата со викендица на одреден период.
Од храна по барање на гостите се нуди:
Домашна селска баница и зелник, качамак со клиси.