Sailing авантура низ грчките острови

Барање за резервација

Подгответе се за најубавото лето досега – седумдневна пловидба со едрилица или катамаран низ тиркизните води на Егејско и Јонско Море, со тргнување од Волос, Грција! Откријте ги прекрасните острови Скиатос, Скопелос, Алонисус и Евија на уникатен начин и со друштво кое го бирате сами!

Што вклучува ова уникатно искуство?

📍 Од каде тргнуваме?

Полазна точка: пристаниште Волос, Грција

📅 Кога е најдобро да патувате?

  • Мај и Октомври – идеално за мир, релаксација и опуштено уживање

  • Јуни и Септември – совршена рамнотежа на убаво време и умерена гужва

  • Јули и Август – топло, динамично и полни острови со живот и забава

💤 Каде ќе спиете?

  • Ноќевањата се во пристаништа на островите или во тивки заливи – целото море е ваш хотел!

  • Ќе искусите вистинска магија – од романтична ноќ „на сидро“ до жива вечерна атмосфера во таверна.

  • Бродовите се целосно опремени – 3-5 спални соби, 2-3 бањи, дневен простор, палуба и кујна.

🍽️ Храна и пијалоци?

  • Можете да готвите на брод или да се препуштите на локалните таверни.

  • Скиперите знаат каде се највкусните специјалитети каде ќе добиете и специјални попусти.

  • Препорачливо е купување намирници од Волос пред поаѓање со цел да се избегне купување од скапи локални места со повисоки цени.

💰 Цени и дополнителни трошоци

Цената се формира според големината на бродот и број на луѓе (од 7 дена па нагоре)

Во цената не е вклучено:

  • Чистење + постелнина + пешкири – 150 € (за цел брод)
  • Гориво и марини – околу 150–200 € по брод
  • Храна и пијалоци – по избор

🧭 За кого е ова патување?

За секого!

  • Не треба искуство со едрење – имаме скипер
  • Не мора да сте авантурист – можете да пиете коктели цел ден на палуба
  • Не е ништо поразлично од хотел – освен што секој ден сте на нова плажа!
  • Не се грижете за морска болест – се плови неколку часа дневно, а се спие во мирни заливи

📩 Резервирај го твоето место сега!

Бројот на тури и бродови е ограничен, па не чекај предолго – особено за термините во Јули и Август.

 

Пиши ни на следниот меил или пополни ја формата за резервација.

[email protected]

АКТИВНИ ТУРИ