Откријте ја магијата на Охридското езеро од високо. Изберете некоја од нашите параглајдинг тури и создадете спомени што ќе траат!
Со резервирање на било која тура добивате и 1 час бесплатно веслање на СУП даска!
Направете резервација
Дали сте подготвени за незаборавна авантура?
Доживејте ја возбудата на тандем параглајдинг над Охридското Езеро!
Секоја тура нуди уникатно место за полетување, рута и слетување.
Без разлика дали сте над Охридското Езеро, Националниот парк Галичица или планините во близина на Струга, подгответе се за незаборавна авантура прилагодена токму за вас.
Вашата безбедност и уживање се наш приоритет.
Нашите искусни тандем пилоти обезбедуваат безбеден и возбудлив лет од почеток до крај. Седнете, опуштете се и уживајте во убавините под вас.
Параглајдинг над Охридското езеро и градот Охрид
- Времетраење: 1 до 1.5 час
- Време на летање: 10 до 15 минути во воздух
- Место на полетување: Велестово
- Место на слетување: Cuba Libre Beach Bar
Цена:
69 €
/од лице
Параглајдинг од Националниот парк Галичица
- Времетраење: 2 до 2.5 часа
- Време на летање: 15 до 20 минути во воздух
- Место на полетување: Галичица 1640м
- Место на слетување: Село Трпејца
Цена:
89 €
/од лице
Параглајдинг над Струга од планината Јабланица
- Времетраење: 2.5 до 3 часа
- Време на летање: 15 до 20 минути во воздух
- Место на полетување: Јабланица 1600м
- Место на слетување: Плажа Хотел Изгрев, Струга
Цена:
89 €
/од лице
Параглајдинг од највисоката точка на Галичица
- Времетраење: 2 до 2.5 часа
- Време на летање: 20 до 30 минути во воздух
- Место на полетување: Крстец, Галичица 1700м
- Место на слетување: Cuba Libre Beach Bar
Цена:
119 €
/од лице
Вклучено во цената:
- Превоз од хотел или апартман во Охрид до местото на полетување и назад.
- Такса за влез во Национален парк Галичица
- Целосна опрема за летање
- Лет со професионален лиценциран пилот
- Подарок сувенир
- 1 час бесплатно веслање SUP даска
Не е вклучено во цената:
-
Видеа и фотографии се наплаќаат дополнително
Напомена:
– Минимална тежина е 20 кг, а максимална е 100 кг.
– Не се препорачува за деца под 6 години.
– Ве молиме имајте предвид дека параглајдингот зависи од временските услови, па доколку биде откажано летањето ќе имате можност да презакажите или да добиете целосен поврат на средствата.