Котор е приморски град во Црна Гора со население од околу 13.500 жители. Добро е познат по средновековните структури од светското наследство, вклучувајќи цркви и тврдини како и неверојатната природна местоположба на самиот раб на Которскиот залив опкружен со планини.
Се наоѓа во најзатскриениот крај на заливот Бока Которска, во северниот дел на црногорското крајбрежје на Јадранското море. Во средината на Котор се наоѓа Стариот Град, кој е негова најголема знаменитост и е на списокот на светското наследство на УНЕСКО. Заливот Котор е најдлабокиот природен залив, а пејсажот околу него вклучувајќи ги стрмните планини кои доаѓаат речиси до работ на водата е спектакуларен. Котор е исто така уникатен затоа што е единствениот град на источниот брег на Јадранското море што е лоциран по име во историските и стратешките мапи.
Стариот град Котор е изграден како лавиринт за заштитни цели и тука е многу лесно да се изгубите. Дури и локалните жители често пати се загинуваат. Свртете погрешна насока и ќе завршите далеку од вашата дестинација. Ова може да се случи дури и со карта на градот во рака.
Населението во Котор е мултиетничко: помалку од половина се Црногорци, помалку од една третина се Срби и една десетина се Хрвати. Котор сè уште е седиште на Католичката епископија на Котор, која ја опфаќа целата област околу Которскиот залив.
Историјата на градот
Во моментов не е познато кога точно бил основан градот, но археолозите знаат дека тоа било пред времето на Хомер и дека градот бил грчки, како и дека бил дом на грците, илирите и римјаните. Бил уништен од Визиготите во V век од н.е., а потоа со него управувале многу странци. Во почетокот на 20ти век станал дел од Југославија, потоа од Србија и на крајот конечно стана независен во 2006 година.
Што да посетиш?
- Стариот Град – најпознатиот дел на Котор каде што се зачувани историјата, културата и традицијата на Котор. Тука се наоѓаат голем број на споменици од средновековната архитектура: цркви, катедрали, палати и музеи. Тие се надополнети со мноштвото тесни улици, плоштади и пазари. Главниот и најголемиот плоштад е Трг од орузја. Тој плоштад беше и остана главно место за собирања. Стариот град Котор денес се смета за најдобро зачуваниот средновековен урбан ентитет на Медитеранот. Има три влеза во Стариот град, главниот е Морската порта од 1555 година.
- Катедралата Свети Трифун – изградена во 11ти век, а реконструирана после земјотресите. Романско-готска архитектура. Во капелата се наоѓаат посмртните останки на Свети Трифун, заштитникот на Котор.
- Црквата Свети Никола – најголемата православна црква во Стариот Град.
- Поморски музеј – сместен во барокната палата Гргурин. Во музејот може да се најдат три ката од портрети на познатите капетани, модели на стари галии и едрилици, навигациски инструменти, фотографии, униформи, оружје, слики и модели на бродови.
- Островот Богородица на карпите – е еден од двата прекрасни острови во Которскиот залив, кои се наоѓаат во заливот спроти Пераст. Другиот остров, кој исто така треба да се посети е островот Свети Ѓорѓи. Тој остров го нарекуваат и „Островот на мртвите“, затоа што според една легенда еден француски војник пукајќи од топ кон Пераст удрил во куќата на својата сакана девојка и ја убил. Островот Богородица на карпите е вештачки остров, направен од морепловци од Пераст и Котор, кои на своите големи едрилици пренесувале големи камења. Според приказните, рибар од Пераст, по бродолом во близина на островот, на морска карпа нашол икона на Света Богородица со Христос, па се заколнале дека ќе изградат црква на островот. Тие ја изградиле црквата во 1630 година. Бидејќи островот требало да се одржува, морнарите продолжиле да внесуваат камења, така што таа традиција е жива и денес. Се вика Фасинада од Пераст.
- Градските ѕидини – се протегаат на околу 4,5 км источно од Стариот Град на речиси вертикални карпи. Наликуваат на кратка верзија на Кинескиот ѕид. Искачувањето на 1350 скали ќе биде наградено со одличен поглед на Котор и заливот од црквата Богородица на здравјето, која се наоѓа на половина пат, како и тврдината Свети Јован на врвот.