Канео доаѓа од латинскиот збор „caneo“ што значи сребрено.
„Свети Јован Богослов Канео“ — една од најпознатите цркви во Охрид, на карпестиот рид над плажата Канео во стариот дел на градот. Иако за црквата не постојат никакви сигурни историски податоци нејзиниот живот може да се следи во општи историски рамки на развиток почнувајќи од XIII век па сè до почетокот на XIV век. Денес Канео има зачувано добар дел од своите првобитни фрески иако се извршени некои модификации во тој поглед меѓутоа својот првобитен шарм го има задржано до денешен ден што е прилично добро земајќи предвид дека самата црква била подолг период напуштена.
Во поново време се претпоставува дека доаѓа до запуштање во подолг временски период меѓу XVII и XIX век. Тоа се докажува врз основа на најстарата запишана година која се наоѓа на најстарата икона во црквата (1676). Во поновата историја се забележуваат зафати со цел да се обнови самата црква, при што се враќаат сводовите како и подигање на анексите од северната јужната и западната страна кои денес се елиминирани. Од друга страна гледано од иконографски аспект, оваа црка обезбедува голем број на информации за историјата на средновековното сликарство во Македонија. Според иконографските одлики се поврзува со традициите од уметноста на Комнините. Во поголем број на цркви се наведуваат вакви карактеристики како што се Св. Софија во Охрид, Св. Константин во с. Свеќани (Велешко) и Св. Никола во с. Манастир. Меѓутоа само Канео има посебно нагласена модификација на комненските елементи, што помага за поблиско определување на хронологијата. Денес Канео има зачувано добар дел од своите првобитни фрески иако се извршени некои модификации во тој поглед меѓутоа својот првобитен шарм го има задржано до денешен ден што е прилично добро земајќи предвид дека самата црква била подолг период напуштена.
Од изгледот со архиереите ги издвојуваме ликовите на првиот христијански проповедник на охридски простории Св. Еразмо Лихнидски и патронот на Градот Охрид, Св. Климент Охридски. ,,Причестувањето на апостолите” се насликани во царски одеи, што е реткост во византиското сликарство.
На крај ќе потенцираме дека во оваа црква, која пленува со својата местоположба и фрескосликарство, е крунисан за Солунски цар епирскиот деспот Теодор И Ангел Дука, од страна на Охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан, во првата половина на XIII век, време кога е изградена и живописана оваа црква.