Балканските метрополи за Нова година

За некого посебно а за други неважно, новогодишната ноќ е извонреден празник и неминовна причина да се соберете со најмилите и да прославите. И додека ова ви прави толку голем притисок, можеме да ви дадеме неколку предлози за градовите кои би можеле да ја прошират вашата листа и кои ќе ви понудат освежувачки, неоткриени и достапни места кои ветуваат одлична и незаборавна ноќ. Можеби дури и ќе се предомислите и ќе одлучите да ја смените вашата рута. Секако, секогаш можете да одите до најблискиот паб или ресторан, да останете дома или да одите на скијање во одморалиштето во кое отсекогаш сте оделе. Но, погледнете ги овие балкански метрополи како ќе изгледаат за новогодишната ноќ.

Скопје

Ако Балканот не ви звучи како лоша идеја, тогаш можеби треба да го пробате Скопје, главниот град на Македонија. Во овој град можете да најдете прослава за секој вкус, но повеќето од нив се гласни и забавни. Доколку одите во Скопје и барате уникатно искуство за вашата новогодишна ноќ, тогаш можеби треба да размислите да прославите во некој од бројните и типични балкански ресторани, со топла атмосфера и весела музика во живо.

Белград

Оваа позната престолнина на Србија има многу да понуди, особено за лудата новогодишна ноќ. За разлика од другите метрополи каде центар на собирање на новогодишната ноќ е градскиот плоштад, Белград е нешто поинаков. И покрај организираните концерти на градскиот плоштад, белграѓани сакаат да ја дочекаат Новата година во некој од многуте барови. Секој клуб, сплав, кафуле, ресторан или бар организира предновогодишна забава и има безброј места за избор. Ќе уживате во неверојатната атмосфера, традиционалната српска кујна и гужвата која ќе се забавува како да нема утре.

Загреб

Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град на Хрватска во зимска земја на чудата. Повеќе Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено.

Сараево

Доколку сакате да го почувствувате балканскиот дух оваа новогодишна ноќ, тогаш треба да го посетете Сараево. Ако сте спремни да бидете сведоци на некои одлични настапи во живо, тогаш пронајдете го патот до плоштадот ,,Djece,,  каде исто така ќе бидете импресионирани од огнометот на полноќ. Ако сте љубители на одлична вечера, со пријатна музика и елегантни луѓе, тогаш треба да посетите некој од  ресторани. Ова е одличен град ако сакате да ја споите големата желба да се забавувате и поголемата желба да не трошите многу пари.

Софија

Софија, главниот град на Бугарија, е одлично место за славење на Божиќ и Нова Година. Сместен во подножјето на планината Витоша во западниот дел на земјата, градот ќе има многу работи кои ќе ве привлечат на следните празници. Софија ја дочекува Новата година со многу забава, од рап бендови до традиционална фолклорна музика. Ноќните клубови се отворени до рано наутро.

Тирана

Албанија има и фасцинантен главен град да понуди за прославата на оваа новогодишна ноќ. Ако имате пријатели од Албанија, тогаш овој празник е веројатно најдоброто време за да ги посетите. Луѓето во Тирана сакаат да ја поминат новогодишната ноќ во друштво на своите пријатели и семејството, ноќ за која се подготвуваат многу однапред, главно приготвувајќи одлична традиционална храна. Откако ќе го наполните стомакот, излезете да видите неверојатни огномети.