Хотелот се наоѓа на падините на Осоговските планини, на самиот брег на вештачкото езеро Градче во близина на градот Кочани. Боровата шума и прекрасниот поглед кон езерото го прави вистински рај на земјата. Интересна атракција се водопадите над самото езеро, кои би било добро да ги посетите. Доколку сте авантуристи имате можност да изнајмите велосипеди или кајаци и да ја истражувате околината.
Хотелот располага со:
– 24 комплетно реновирани соби од кои 3 се апартмани, 13 двокреветни и 8 двокреветни со помошен кревет
– Два ресторани
– Кафе бар
– Летна тераса со поглед на езерото
– Конференциска сала погодна за семинари, презентации и предавања
– Приватен бесплатен паркинг
– Мини зоо
– Катче за најмалите
– Кајаци, велосипеди