Cece’s Home

Cece’s Home е совршен спој на дрво и камен, каде современиот стил се спојува со рустикалниот. Вилата се наоѓа над ресторанот Мавровски Мерак и нуди прекрасен поглед кон Мавровското езеро од својот дневен простор. 

Располага со две спални соби, едната со брачен кревет, а другата со три единечни кревети, со можност за додавање на уште еден, како и целосно опремена кујна и тоалет. Дополнително има WiFi, кабловска телевизија и паркинг. 

Не дозволувајте да ви раскажуваат, дојдете и почувствувајте го ова мало парче рај кое нуди мир и спокојство, создадено да ви пружи искуство за паметење и задоволство за сите ваши потреби.