Босански пирамиди

„Речиси сè што нè учат за античкото минато е погрешно“
- Др. Семир Османагиќ

Пирамида на Сонцето

Тоа е највисоката пирамида во светот со висина од повеќе од 270 метри. Има правилна геометрија на пирамида со три добро сочувани страни: северна, источна и западна. Пирамидата е покриена со бетонски блокови кои, според анализите на босанско-херцеговскиот и италијанскиот институтот за материјали, се супериорни по висока јачина (до 134 mPs) и ниска апсорпција на вода (околу 1%) во споредба со современиот бетон.

Според мерењата на Геодетската управа на БиХ , ориентацијата на северната страна кон космичкиот север има минимално отстапување од нула степени, нула минути и само дванаесет секунди. Наклонот на страните кон основата е 45 степени. Георадарско истражување од германски геофизичари во 2007 го потврди постоењето на внатрешни премини во пирамидата. Хрватските физичари во 2010 открија постоење на енергетски зраци со радиус од 4,5 метри кој минува низ самиот врв на пирамидата, а италијански, фински и српски експерти (помеѓу 2011-2016 година) ги измериле феномените на електромагнетното поле, ултразвук и инфразвук на вештачкото потекло на врвот од пирамидата. Српските инженери користеле мерења со дрон над пирамидата за да откријат постоење на скаларни бранови насочени кон сонцето. Сенката на босанската пирамида на Сонцето во текот на летните месеци пред зајдисонце ја покрива босанската пирамида на Месечината, покажувајќи јасен астрономски однос помеѓу двете пирамиди.

Пирамидата е покриена со наслаги од земја и вегетација, слично како и илјадници пирамиди во Кина, Мексико или Гватемала. Откривањето на пирамидата, како и нејзините енергетски и астрономски феномени, се магнет за туристите од целиот свет.

Пирамида на Месечината

Таа е 190 метри повисока од Големата египетска пирамида. Изградена е од обработени блокови од песочник и слоеви глина. Во близина се наоѓаат каменоломи за песочник, како и извор на глина која служела како врзивно средство, водоотпорен материјал и термоизолација. Дизајнот на пирамидата е терасовиден што е уникатен случај во светот на пирамидите.

Горниот слој на плочи од песочник е залепен на основата. Според радиокарбонската анализа на Институтот за физика на Шлезискиот универзитет во Полска од 2011 година, пирамидата е стара околу 12.350 години. Со тоа научно е потврдена исклучителната старост на изградбата на босанската пирамида на Месечината, која потекнува од периодот пред културите на Сумер, Вавилон и древниот Египет. Од Институтот за материјали на Универзитетот во Зеница потврдиле дека различната цврстина и порозност на поединечните песочни плочи се во ист ред, што потврдува дека плочите биле обработени со песочници од различни длабочини во каменоломите.

Под босанската пирамида на Месечината се наоѓа резервоар за вода кој е поврзан со водотеци со пирамидите на Змејот и Сонцето.

Подземен лавиринт Равне

Под босанската долина на пирамидите е изградена комплексна мрежа од премини, раскрсници, простории и подземни резервоари за вода. Откривањето на овој лавиринт го предвидел откривачот на босанските пирамиди Др. Семир Османагиќ во својата книга во 2005 година, базирајќи ја својата хипотеза на слични примери на подземни тунели во Египет, Кина и Мексико. До тогаш се сметало дека нискиот влез и тие педесетина метри од тунелскиот премин се „природна пештера“. Фондацијата со упорна долгогодишна работа потврди дека има подземен лавиринт кој се протега десетици километри. Растојанието од влезот до босанската пирамида на Сонцето е 2,5 км. Видливи се најмалку два културни слоја: градителите на лавиринтот (пред 30.000 години) и цивилизацијата што ги закопала сите тунели и простории со чакал пред 5.000 години.

Материјалот кој бил исфрлен за време на изградбата на тунелите бил искористен за изработка на бетонот што ја покривал босанската пирамида на Сонцето. Во лавиринтот нема негативни зрачења: космички, природна радиоактивност или негативна енергија од тековите на подземните води. Исто така, нема сигнали за мобилни телефони и Wifi. Затоа, оваа локација е една од најбезбедните на планетата и овозможува здравствена заштита и ревитализација на телото. 

Циркулацијата на воздухот е извонредна и се постигнува со различните висини на таванот што предизвикува различен воздушен потисок и природна вентилација.  Концентрацијата на негативни јони, кои ја чистат атмосферата од бактерии и вируси, е неколку десетици пати поголема од просечната и тоа го објаснува благотворното дејство на тунелот врз човечкото тело.

Археолошко-туристички парк Равне

Паркот е отворен на 18 јуни 2016 година. Се наоѓа во Високо, центарот на Босна и Херцеговина и зафаќа површина од 100.000 метри квадратни. Паркот е отворен откако Др. Семир Османагиќ купил 15 парцели кои ги споил во една огромна површина која содржела 7 диви депонии и мочуришта. По исцедувањето на водата, чистењето и  засадувањето на трева и растенија, Високо добил прекрасен парк кој Др. Семир го донирал во Фондацијата „Археолошки парк: Босанска пирамида на Сонцето“.

Ова мултидисциплинарно научно истражување денес е најактивниот археолошки проект во светот, кој секоја година привлекува десетици илјади туристи, волонтери, истражувачи и медиуми во Високо, Босна и Херцеговина.