Искусете ги уникатните убавини на Вевчани на поразличен начин. Посетете го нашиот коњанички клуб.
Пред да започне јавањето, секој јавач од групата добива индивидуални инструкции со професионален водич. Можеме да се прилагодиме на секое ниво на јавач, од почетник до напреден.
Резервирајте термин и уживајте во нова авантура.
Тури:
Св. Спас
Времетраење: 2 часа
Посета на манастирот Св. Спас. Тргнувањето е од коњаничкиот клуб, се движи по планински широк пат со преубави пејсажи и глетки.
Цена:
30 €
/од лице
Бели Брег
Времетраење: 1 час
Се посетува местото викано Бели Брег на кое има преубав видиковец од кој се гледа целата Охридско-Струшка котлина.
Цена:
30 €
/од лице
Вевчански извори
Времетраење: 1 час
Низ улиците на преубавото Вевчани се стасува до Вевчанските извори.
Цена:
30 €
/од лице
Јанков Камен
Времетраење: 2.5 часа
Посета на планинарскиот дом Јанков Камен кој се наоѓа на 1250 метри надморска височина, на околу 4.5 километри од центарот на Вевчани.
Цена:
55 €
/од лице
Голина
Времетраење: 6 часа
Хардкор тура за авантуристите и љубителите на природата. Се посетува излетничкото место Голина и Вевчанското ледничко езеро, кое помеѓу народот е познато како Вевчанска Локва.
Цена:
120 €
/од лице
Јавање во клубот
Времетраење: 30 минути
Се јава во ранчот. Освен возрасните тука може да уживаат и најмладите. Тие може да јаваат пони или голем коњ во присуство на тренер.