











Барање за резервација
Подгответе се за најубавото лето досега – седумдневна пловидба со едрилица или катамаран низ тиркизните води на Егејско и Јонско Море, со тргнување од Волос, Грција! Откријте ги прекрасните острови Скиатос, Скопелос, Алонисус и Евија на уникатен начин и со друштво кое го бирате сами!
Што вклучува ова уникатно искуство?
- 7 ноќевања на Едрилица или Катамаран за 6–10 лица
- Професионален скипер – вашиот личен капетан
- Посета на 3+ острови: Скиатос, Скопелос, Алонисус
- Над 20 плажи и скриени заливи
- Бесплатен Wi-Fi на брод
- Комплетно опремена кујна
📍 Од каде тргнуваме?
Полазна точка: пристаниште Волос, Грција
📅 Кога е најдобро да патувате?
Мај и Октомври – идеално за мир, релаксација и опуштено уживање
Јуни и Септември – совршена рамнотежа на убаво време и умерена гужва
Јули и Август – топло, динамично и полни острови со живот и забава
💤 Каде ќе спиете?
Ноќевањата се во пристаништа на островите или во тивки заливи – целото море е ваш хотел!
Ќе искусите вистинска магија – од романтична ноќ „на сидро“ до жива вечерна атмосфера во таверна.
Бродовите се целосно опремени – 3-5 спални соби, 2-3 бањи, дневен простор, палуба и кујна.
🍽️ Храна и пијалоци?
Можете да готвите на брод или да се препуштите на локалните таверни.
Скиперите знаат каде се највкусните специјалитети каде ќе добиете и специјални попусти.
Препорачливо е купување намирници од Волос пред поаѓање со цел да се избегне купување од скапи локални места со повисоки цени.
💰 Цени и дополнителни трошоци
Цената се формира според големината на бродот и број на луѓе (од 7 дена па нагоре)
Во цената не е вклучено:
- Чистење + постелнина + пешкири – 150 € (за цел брод)
- Гориво и марини – околу 150–200 € по брод
- Храна и пијалоци – по избор
🧭 За кого е ова патување?
За секого!
- Не треба искуство со едрење – имаме скипер
- Не мора да сте авантурист – можете да пиете коктели цел ден на палуба
- Не е ништо поразлично од хотел – освен што секој ден сте на нова плажа!
- Не се грижете за морска болест – се плови неколку часа дневно, а се спие во мирни заливи
📩 Резервирај го твоето место сега!
Бројот на тури и бродови е ограничен, па не чекај предолго – особено за термините во Јули и Август.
Пиши ни на следниот меил или пополни ја формата за резервација.